top of page

Јумеихо

7.jpg

ШТО Е ЈУМЕИХО?

 

Јумеихо е терапевтски метод што се базира на мануелна акција изведена на цело човечко тело со цел за поддржување или подобрување на здравјето, составена е од 100 различни техники. Исто така техниката е позната како „Метод за корекција на колковите, масажа и акупресура“ или „Сајонџи Ориентална специјална масажа“, но оригиналното име е „терапија Јумеихо“. Терапијата Јумеихо се состои од методична примена на сет од мануелни процедури и физички вежби наменети за возвраќање на функционалниот баланс на човечкиот организам, со што голем број на растројства кои може да предизвикаат акутни и хронични болести, може да се отстранат или да се ублажат. Иако Јумеихо методот е дизајниран претежно за превeнтивна примена, сепак е терапија, покрај фактот што главна цел е третирање или намалување на причините за функционални растројства кои со текот на времето може да прераснат во хронична патологија. Исто така, терапијата Јумеихо може да се применува превентивно или да го забави прогресот на веќе постоечка патологија. Мануелните терапевтски процедури применети со превентивна или корективна цел во терапијата Јумеихо се содржат од: остео-артикуларни манипулативни техники и пасивна мио-артикуларна гимнастика; процедури на терапија со притисок на одредени точки (навидум слични на тие што се користат во акупресурата и рефлексотерапијата); специјални техники и процедури на обработка на меки ткива (специјални масажни техники); стречинг елементи (истегнување, елонгација); методи за корекција и балансирање на постурата при одење и мирување; оптимални вежби на биомеханиката на локомоторниот систем. Физичките вежби што се практикуваат во терапијата Јумеихо се содржат од специјална гимнастика наречена Јумеихо Таисо (Yumeiho Taiso), придружена со техники за дишење, методи за релаксирање итн.

КОЈА Е ГЛАВНАТА ЦЕЛ НА ЈУМЕИХОTO?

Главната цел на Јумеихо терапијата е да ги подигне самолекувачките сили на организамот  (виталната енергија ), откако ќе се стават во правилна положба ’рбетот, колковите и зглобовите.

ЗА ШТО ПОМАГА ЈУМЕИХО?

Јумеихо терапија помага за излекување на многу болести како на пример:

  • било каква болка во грбот или ’рбетот

  • лумбаго и ишијас

  • затегање во вратот и рамениците

  • болка во колковите, колената, зглобовите и ребрата

  • разни главоболки

  • менструална болка, нередовна менструација, неплодност

  • болест на џигерот, бубрезите, панкреасот и бешиката

bottom of page