Како да се подготвите за терапијата Јумеихо?
Што треба да знаете пред да практикувате терапија Јумеихо
Мануелните терапевтски процедури применети со превентивна или корективна цел во терапијата Јумеихо се содржат од: остео-артикуларни манипулативни и мобилизирачки техники; пасивна мио-артикуларна гимнастика; процедури на терапија со притисок на одредени точки; специјални техники и процедури на обработка на меки ткива (специјални масажни техники); стречинг елементи (истегнување, елонгација); методи за корекција и балансирање на постурата при одење и мирување; вежби за оптимизација, балансирање и хармонизирање на биомеханиката на мускулоскелетниот систем, ’рбетот, горните и долните крајници.
За да се има добивка од ефектите на терапијата Јумеихо, потребно е да се знаат следните работи:
1. Пациентот треба да носи лесна, тенка и мека памучна облека (не синтетички материјали). Треба да се извадат обувките, очилата, часовникот и накитот.
2. Пациентот треба да е опуштен, ментално и физички.
3. Пациентот не треба да прекинува со препишаната терапија, но само со консултација со лекар (најдобро тој што ја препишал терапијата) може постепено да се намалат дозите во споредба со ефектите од Јумеихо и индикациите на лекарот.
4. Должината и колку често треба да се повторува третманот, се одредува од специфичната потреба на секој пациент. За да се осигура ефективноста на терапијата, пациентот треба да прима барем еден третман неделно. Пациенти со многу сериозен проблем може да примаат максимум два третмана на ден. Како што се подобрува состојбата на пациентот, третманите може да се планираат на поголеми интервали. Должината на третманите може да варира од 15 до 90 минути.
5. Идеалниот третман треба систематски да се изведе според јасниот план што е воспоставен од терапевтот. За пациенти кои не може да бидат третирани систематски од одредени причини, дури и делумниот (парцијален) третман може да донесе задоволувачки лекувачки ефект.
6. Можеби се потребни повеќе третмани. Колку повеќе третмани се применуваат, толку пофлексибилно (еластично) станува телото. Подобрувањето (понекогаш спектакуларно) може да се забележи и само по првиот третман, но ефектот нема да трае долго. Стабилизацијата бара константно третирање подолг период. Бројот на потребни сесии може да варира од пациент до пациент и зависи од степенот на активност на пациентот.
7. Пациентот треба да биде свесен за фактот, иако терапијата може да има голем подобрувачки ефект, потребен е балансиран ментален и физички начин на живеење за да се одржат ефектите.
8. Важно е да се забележи дека третманите не треба да се прекинат по исчезнување на симптомите, но треба да продолжат додека состојбата на пациентот целосно не се нормализира. Само така може да се превенира за да не се врати повторно болката.
9. И терапевтот и пациентот мора да се придржуваат кон основните правила за лична хигиена.
10. Пред и за време на терапијата не треба да се земаат непрепишани таблети за болка, дрога или алкохол.
11. Примената на терапијата Јумеихо на луѓе кои се интоксицирани или со тешко ментално заболување е забранета и во овој случај, пациентот ќе биде одбиен.
12. Пациентот не треба да јаде барем 1 час пред третманот.
13. Во случај на исклучително тешки менструации третманот треба да се избегне. Пациентот може секогаш да го презакаже терминот.
14. Во случај на умерена или зголемена сериозност на некој одреден проблем, кој е третиран од лекар, примената на терапијата Јумеихо треба да биде проследена заеднички.