Правила во Јумеихо

Задолжителни информации за терапијата Јумеихо

- Само терапевт од групите Џокју и Шинан (5, 6 и 7 Дан) може да води курсеви, да организира испити и да издава дипломи (сертификати).
- 4. Дан терапевт може да води курсеви како асистент само со одобрение и под надзор од учител. Не може да организира испити и да издава дипломи.
- 2. Дан терапевт ослободен е од лиценцирање додека не добие 3. Дан. Тој период не треба да е подолг од 15 месеци.
- Учителот мора да има специјален договор со Центарот Јумеихо во Јапонија или со нивен официјален претставник кој го има истото право.
- Испитот за 5. Дан мора да биде само во Јапонија.
- Валидни се САМО оригинални дипломи издадени во Јапонија.
- Старите дипломи од мај 2013 год. не се валидни повеќе. Новите дипломи се напишани на јапонски, англиски јазик и на есперанто. Сите имаат потпис и печат од г. Хасајуки Озаки (директор на Центарот Јумеихо). Само овие дипломи се валидни и може да се издаваат. Старите дипломи што се издадени пред мај 2013 година сè уште важат.

ПРАВИЛА ЗА ИСПИТИ ЗА СЕДУМТЕ СТЕПЕНИ СПОРЕД ХИСАЈУКИ ОЗАКИ - ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЈУМЕИХО ВО ЈАПОНИЈА

Испитување и сертификација на седум степени (Дан 1, Дан 2, Дан 3, Дан 4, Дан 5, Дан 6, Дан 7)

1. Прв степен (Дан 1, почетен курс) - се доделува на оној што го завршил почетниот курс ✓
2. Втор степен (Дан 2) - само тие што успешно го завршиле почетниот курс, имаат право да аплицираат за изучување на вториот степен. Диплома му се доделува на секој што ќе го положи испитот. Терапијата Јумеихо се применува под надзор и дозвола од учител.✓
3. Трет степен (Дан 3) - со завршување на третиот степен се станува авторизиран носител на терапија Јумеихо. Диплома за успешно завршен 3. Дан се доделува на секој оној кој добил диплома за 2. Дан (мора да има изминато најмалку 1 година од издавање на 2. Дан за да може да се издаде диплома за 3. Дан)   ✓
4. Четврт степен (Дан 4)  - за да се аплицира за диплома 4. Дан, треба да поминат најмалку 2 години од добивање диплома за 3. Дан. Со 4. Дан може да се држат курсеви до 2. Дан, под надзор и со одобрение од учител. (Инструкторите кои имаат добиено 4. Дан пред април 2013 година можат самостојно да водат курсеви и да издаваат дипломи до 2. Дан. Потребен е инструкторски договор). ✓
5. Петти степен (Дан 5) (учителски степен)  - за да се аплицира за диплома 5. Дан, треба да поминат најмалку 2 години од датумот на добивање диплома од 4. Дан. Исто така, треба да се учествува на минимум 6 целосно посетени курсеви за терапија Јумеихо, да имаат препорака од официјалниот претставник во својата држава, како и препорака од официјалниот европски претставник. Испитот за 5. Дан се одржува само во Јапонија. Со 5. Дан може да се држат обуки и испити до 3. Дан. Инструкторите за 5. Дан се обврзани да потпишат соодветен договор со Центарот Јумеихо во Јапонија или со нивен претставник. Дипломата содржи коментари за инструкторските права до 3. Дан.✓
6. Шести степен (Дан 6) (висок учителски степен) - се доделува лично од директорот на Центарот Јумеихо во Јапонија, Мајстор Хисајуки Озаки, според Правилникот на Центарот. За да се аплицира за диплома 6. Дан, треба да поминат барем 10 години од датумот на добивање диплома за 5. Дан. Со диплома 6. Дан може да се водат сите тренинзи и испити до 4. Дан. Покрај тоа, може да се изведуваат секаков тип на промоции и презентации за терапија Јумеихо. Инструкторите за 6. Дан се обврзани да ги потпишат сите соодветни договори со Центарот Јумеихо во Јапонија или со лице кое е посочено од Центарот Јумеихо. Дипломата содржи коментари за инструкторските права до 4. Дан. 6. Дан е резервиран само за официјалните претставници на државите. ✓

7. Седми степен (Дан 7) - се доделува лично од директорот на Центарот Јумеихо во Јапонија, Мајстор Хисајуки Озаки, според Правилникот на Центарот. За да се добие 7. Дан диплома, треба да поминат најмалку две години од датумот на добивање на дипломата за 6. Дан. Со 7. Дан може да се водат сите тренинзи и испити до 6. Дан. Покрај тоа, може да се изведуваат секаков тип на промоции и презентации на терапијата Јумеихо. Инструкторите за 7. Дан се обврзани да ги потпишат сите договори со Центарот Јумеихо во Јапонија или со лице посочено од Центарот Јумеихо. Дипломата содржи коментари за инструкторските права до 6. Дан. ✓
 

ПРАВИЛА ​ ЗА МЕТОДОТ ЈУМЕИХО

 

- Сите инструктори Јумеихо се обврзани да земаат дипломи издадени од Центарот Јумеихо во Јапонија. Дипломите се печатени во Јапонија со ограничен број. Новите дипломи содржат потпис и печат од Хисајуки Озаки, Мајстор и директор на Центарот Јумеихо во Јапонија. Од мај 2013 година се издаваат само овие дипломи. ✓
- Сите инструктори Јумеихо се обврзани да го информираат Центарот Јумеихо во Јапонија за податоците на учесниците на курсевите (име, презиме, адреса, пол, професија и датум на доделување на дипломата). ✓
- Сите инструктори Јумеихо се обврзани да потпишат соодветен договор со Центарот Јумеихо во Јапонија или со лице посочено од Центарот Јумеихо. ✓
Сите инструктори (учители) мора да издаваат дипломи од 1. Дан. ✓

Цени на дипломите:

1 дан (100 $)

2 дан (200 $)

3 дан (400 $)

4 дан (800 $)

5 дан (1500 $)

6 дан (3000 $)