Јумеихо лиценца
Од 20.11.2009 Јумеихо® стана трговска марка (бренд) на територијата на Еевропа. Така што името Јумеихо® може да се користи при давање услуги покриени со точките 41, 42 и 44 на Меѓународната класификација на стоките и услугите, само од имателите на лиценца.
Сите што практикуваат Јумеихо® од 3, 4 и 5 Дан кои имаат дипломи од Меѓународниот институт за превентивна медицина во Токио, како и салони за масажа, спа-центри, терапевтски кабинети и др. кои го користат името Јумеихо®, треба да ги исполнат следните услови:
-
Да се плати еднаш во годината лиценца – 75 евра;
-
Да се почитуваат националните и меѓународните закони за одредениот бренд Јумеихо®
-
Да се почитуваат решенијата и Правилникот на Центарот Јумеихо® во Токио (види исто така www.yumeiho.eu);
-
Имателите на 1 и 2 Дан немаат право на лиценца. Од тука следи:
-
Немаат право со трговска или пропагандна (рекламна) цел да го користат името Јумеихо®, како и да го претставуваат во средствата за масовно информирање;
-
Немаат право да држат семинари, презентации и да работат самостојно (без заедничка работа под надзор на лекар или терапевт Јумеихо® со 3 и повисок степен);
Немаат право да се претставуваат како терапевти Јумеихо® или инструктори (предавачи) Јумеихо®.
Правото на лиценцирање на Јумеихо® (Yumeiho) во Република С. Македонија принадлежи исклучиво само на Христо Хаџикимов – 5 дан Јумеихо® инструктор и терапевт.