Историја за Јумеихо

image_4.png

Масајуки Сајонџи

Основач на Јумеихо

Основач на терапијата Јумеихо е Отсуки Масајуки, попознат под псевдонимот Масајуки Сајонџи, роден на 18 ноември 1943 во Токио, Јапонија.

Во почетокот на својот живот иако е страстен обожавател на традиционалната источна медицина, тој, на барање на неговиот татко, учи на универзитетот „Мејџи“ во Токио (универзитетски курсеви во Министерството за трговија). За време на студентските денови најмногу го привлекуваат кинескиот јазик и калиграфија, заедно со изучувањето на принципите и правилата на трговијата. Подоцна се откажува од универзитетот за да се посвети на кинеската калиграфија. Три години е инструктор по кинеска калиграфија. Сајонџи често ја посетува Кина за да ја подобри својата техника.Таму се запознава со традиционалната кинеска медицина преку древните книги, кои пак ги учи од гледна точка на калиграфијата. Теоретските принципи, филозофијата и особено терапевтските рачни методи покажани во тие книги го восхитуваат и тој решава да ги научи.

​Во 1975 година го среќава Шуичи Оно Хидеказу (Shuichi Ono Hidekazu), познат мајстор по Setai Ho (мануелен метод дизајниран да ја балансира човечката физиологија, почнувајќи од корекција на постурата применувајќи одредени процедури на мио-артикуларно функционално балансирање, акупресура, масажа и манипулација на зглобови). Мајстор Оно Хидеказу основал свој терапевтски метод откако темелно проучувал техники на рехабилитација Zheng Ti Fa, применувани во будистичките манастири во Кина (меѓу кои и познатиот Shao Lin). За шест години Сајонџи прави различни истражувања врз користењето на источните традиционални методи на лекување, особено на кинеските и јапонските (Tui-na, Zheng Ti Fa, An-Ma, Shiatsu, Do In, Setai-ho итн.). Во 1980 г. Сајонџи отвора приватен кабинет во Токио. Истата година започнува да учи есперанто, нешто што подоцна многу му користи за популаризирање на неговиот терапевтски метод низ светот. Во 1981 г. завршува со своите студии, кои се одвиваат во Националното училиште по шиацу и традиционални источни терапии (Nihon – Shiatsu Senmon Gakko) во Токио. Исто така, во 1981 година создава и нов терапевтски систем најпрвин наречен „Божествена масажа“, а потоа „Терапија на местење на колковите со притискање“ или „терапија Јумеихо“. Во 1983 г. е лиценциран како мајстор по шиацу и акупресура (лиценца бр. 12448). Ја брани пред Examination Foundation for oriental Therapy Techniques and Researches, единствената институција акредитирана од Министерството за здравство на Јапонија. Со тоа, тој официјално станува акредитиран јапонски мајстор по рачна терапија. Во 1987 година го основа Меѓународниот институт по превентивна медицинска пракса во Токио, чијшто директор е до неговата смрт, односно до 2005 година. Од 1989 г. Сајонџи е канет во разни држави во светот за да го претстави својот уникатен метод на лекување. Тие посети главно се организираат од групи и организации кои зборуваат есперанто. Во 1990 г. е поканет да предава за терапијата Јумеихо во Централната воено-воздухопловната болница во Москва, Русија. Така започнува една соработка подолга од десет години. Со текот на времето во Русија се направени многубројни научни истражувања и проучувања за терапијата Јумеихо, како превентивен метод и метод на лекување. Во 1992 г. Сајонџи е поканет како висококвалификуван професор по традиционална медицина и фармакологија во универзитетот во градот Жиаозуо, во кинеската провинција Хунан. А, пак, во 1994 г. Научно –истражувачкиот институт по традиционална медицина во Министерството за здравство на Русија го наградува со почесната титула „Доктор по традиционална медицина“.
Во 1995 година во Москва тој успешно ја претставува терапијата Јумеихо пред научниот совет на Меѓународната академија на науките, на конкурс за доктор на медицинските науки. Истата 1995 година, Меѓународната академија на науките во Сан Марино му ја доделува титулата „Доктор на традиционални медицински науки“. Помеѓу 1990 и 1995 г. тој често ја посетува Москва и научно-истражувачкиот центар во Централната воена болница кон BBC, каде што обучува над 130 воени лекари за примена на терапијата Јумеихо. Корисниците на терапијата се главно пилоти и космонаути. Јумеихо се препорачува и се применува како за превенција од појава на специфичните за нив заболувања, така и за нивно лекување во порана фаза. Меѓу 1989 и 2004 г. тој посетува над 40 држави за да ја популаризира терапијата Јумеихо и да обучи луѓе кои ќе ја применуваат оваа терапија надвор од границите на Јапонија. До 2005 година, терапијата Јумеихо е широко распространета во 73 држави, каде во многу од нив се создаваат центри за обука и професионални организации. Д-р Масајуки Сајонџи, основач на терапијата Јумеихо и директор на Меѓународниот институт по превентивна медицинска пракса во Токио, умира во несреќен случај на 28 февруари 2005 год. Од 2005 до 2010 год. директор на Центарот Јумеихо во Токио е братот на Сајонџи Масајуки, г. Шигеру Хашимото. Од 2010 до 2017 година директор на Центарот Јумеихо е г. Тошихара Китами. Од 2017 година директор на Центарот Јумеихо е г. Хисајуки Озаки.