Во современиот свет се достапни различни методи на конвенционалната и алтернативната медицина, кои содржат техники за делување врз коските, зглобовите, мускулите, преку кои се постигнува местење, опуштање, растегнување, тонизирање... Јумеихо методот на Масајуки Сајонџи се разликува по тоа што користи комплексна редица од притискачки, гмечечки, релаксирачки, корективни, исправувачки техники по строго одреден редослед. Тие се обединети и систематизирани во овој уникатен метод и целосно се сообразени со Теоријата за центарот на гравитација (тежиштето) на човечкото тело. Според таа теорија многу од заболувањата се појавуваат поради нарушената рамнотежа на телото по изместувањето на центарот на гравитација. Тоа изместување се изразува во коскено-зглобна асиметрија на двете половини на телото. Се забележува едната нога е пократка, едниот колк е изместен, искривување на рбетот, изместување на едната лопатка и други последователни асиметрични промени.

ОСНОВНА ТЕОРИЈА

Што го прави Јумеихото различно?

Screenshot_2.jpg

За да бидат во оптимална состојба човечкиот мускулен тонус и крвната циркулација, неопходно е линијата на колковите и линијата на рамењата да се под нормален агол (прав агол од 90 степени) со линијата на ’рбетниот столб, при лежење и при стоење. – слика 1. Ако човекот има изместување на десниот колк, кога лежи на стомак, тој изгледа како на слика 2. Десниот колк е повисоко од левиот, затоа во прв стадиум десната нога е релативно пократка од левата и целото тело и ’рбетот се изместуваат, така што и линијата на рамењата е повисока на десната страна. Истиот човек во стоечка позиција ќе изгледа како на слика 3. Бидејќи десната нога е пократка, линијата на колковите е обратна од таа во легната позиција. Левата нога носи повеќе тежина од десната. Телото се извртува надесно, десното рамо е повисоко од левото, главата се наклонува надесно. Сето ова телото го прави инстиктивно, за да има релативен баланс и рамнотежа. По одреден период, левата нога се преоптоварува и заморува, а позицијата на телото продолжува да биде како на слика 3. По тој систематски премор човекот несвесно го менува носењето на тежината од главната (носечката) до моментот нога левата на десната нога. Сега позицијата на телото е како на слика 4. Десната нога сега е главна (носечка), таа е појака и носи повеќе од половината на тежината на телото. Телото и ’рбетот се наклонуваат обратно, налево и сега левото рамо се наоѓа повисоко од десното. Оваа состојба на телото продолжува да трае додека десната нога не се замори до максимум. По тој максимум, центарот на гравитација (тежиштето) повторно автоматски и несвесно се пренесува кон левата нога и тогаш состојбата на телото се враќа како на слика 3.

Колку повеќе се повторува таа смена на главната нога, толку повеќе се зголемува лошото влијание врз состојбата на телото и на крајот ’рбетот придобива Ѕ – форма, а завртувањето е покомплексно.

Центарот на гравитација e однос на тежината на телото на десната нога и тежината на телото на левата нога.
1. Изместувањето на колковите предизвикува нерамнотежа на центарот на гравитација.
2. Нерамнотежата на центарот на гравитација причинува нерамномерно напрегање на мускулите и во двете нозе, како и изместување на коските (зглобовите) на телото.
3. Центарот на гравитација (тежиштето) со текот на времето секогаш се менува, но со сигурност можеме да забележиме тенденција на преместување (на десно или на лево) во одреден период на време.
4. Изместувањето на колковите веќе постои во мајчината утроба (поради психички стрес или поради недоволно развиена матка), пред раѓање или за време на раѓање. Тоа станува динамично и наследно ако мајката има изместување на колковите.
5. Изместување на колковите предизвикува нерамнотежа (претерано напрегање и претерано опуштање). Поради напрегањето на мускулите во двете нозе, таа нерамнотежа се забележува во сите обични, секојдневни, потсвесни движења поврзани со нозете, дури за време на сон.
6. Тие инстинктивни појави сè повеќе и повеќе го зголемуваат нерамномерното напрегање на мускулите во двете нозе и изместувањето на зглобовите на коските.
7. Психичкиот стрес предизвикува напрегање на мускулите на целото тело и ја зголемува нерамнотежата во центарот на гравитација.
8. Спортот и гимнастиката, дури одењето и трчањето, ако се претера со нив, ја зголемуваат нерамнотежата во центарот на гравитација. Студот и заморот ги напрегаат мускулите и ја зголемуваат нерамнотежата во центарот на гравитација на телото. Претераното пиење и прејадување ги напрегаат внатрешните органи и мускулите и ја зголемуваат нерамнотежата во центарот на гравитација.
9. Нерамнотежата на центарот на гравитација ако достигне одредени степени и потоа се промени, може да предизвика различни заболувања. Потоа нерамнотежата во двете нозе (односот меѓу главната и втората) станува инверзна. Тоа претставува сопствена функција за ребаланс, поради која исчезнуваат појавените заболувања. Тоа се нарекува способност за самолекување.
10. Нерамнотежата на центарот на гравитација секогаш е разделена во телото (во сите клетки, вклучително и тие на мозокот и внатрешните органи) во десната и левата половина на телото.
11. Симпатикус и парасимпатикус нервниот систем исто така влијаат од центарот на гравитација.
12. Психичкиот статус (волјата, бодроста, среќата, дури депресијата) зависат од нерамномерноста на центарот на гравитација.
13. Нерамнотежата на центарот на гравитација на телото може добро да се контролира со специјален апарат.  Дури и без апарат е можна ефективна контрола, така што се споредува напрегањето на колковите.
14.  За да се излекуваат болните, најважно е да се отстрани нерамнотежата во центарот на гравитација на телото и тоа да се задржи после лекувањето.

YUMEIHO MACEDONIA

За сите информации околу обуките и закажување на темрин контактирајте не :

12.jpg
  • White Facebook Icon

Find us on Facebook